Светски првенства
Египет се врати против моќната Франција, па доживеа болен пораз со звукот на сирената (Видео)

Вториот натпревар во четвртфиналето на Светското првенство донесе нова драма во загрепска „Арена“, или поточно победникот одново беше решен во последната секунда, овојпат уште потензично од натпреварот меѓу Хрватска и Унгарија.
Франција се избори за ново полуфинале на Светските првенства и ја оправда фаворитската улога, но мора да се признае дека Египет сериозно ги загрижи „триколорите“, кои на крајот мораа да чекаат завршна проверка од Начевски и Николов по голот во последната секунда.
Иако Франција диктираше и одржуваше темпо во најголем дел од натпреварот, фаворитот во неколку наврати испушти и позитива од пет голови, па откако се влезе во неверојатно драматична завршница, Египќаните се доведоа во ситуација да напаѓаат за реми во последниот напад.
Јахија постигна гол за 33:33 на четири секунди пред крајот, а кога сите гледаа како второто полуфинале оди во продолжение, следеше брза реакција и гол на Лука Карабатиќ.
Играта 7 на 6 им овозможи на Французите да шутираат на празен гол, па за нивна среќа, проверката на Начевски и Николов покажа дека топката навреме влегла во голот, па така Карабатиќ се претвори во херој со погодокот со звукот на сирената.
Ремили и Мем со 6 погодоци беа лидери во францускиот тим, Мин постигна еден помалку, додека кај Египќаните воодушевија Хешам со 8 и Јахија со 6 голови.
🤯 Luka Karabatić je golom u poslednjoj sekundi odveo Francusku u polufinale Svetskog prvenstva! pic.twitter.com/GBVnyWWRgZ
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) January 28, 2025
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…