Поврзете се со нас

Репрезентација

Египет пресилен, Македонија ќе се бори за бронза на Медитеранските игри

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Египет од 34-20 во полуфиналето на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран (Алжир).

Нашиот национален тим се обиде да им се спротистави на „фараоните“ и во поголемиот дел од првиот дел бевме рамноправни, но потоа се случи пад во нашата игра и африканеците заминаа на пауза со 16-10.

Вториот дел не донесе промени, Египет кој се подготвува за претстојниот Африкански куп додаде дополнително гас и на крајот дојде до убедлива победа која го однесе во финалето, поточно во борбата за златото.

За четата на Кирил Лазаров останува битката за бронзениот медал со поразениот од Шпанија и Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни