Египет ја надигра Германија и го освои Светското кадетско првенство во Скопје

egipet-1

Кадетското Светскот првенство кое се играше во Скопје оваа вечер го доби својот завршен чин, а во истиот, Египет го комплетираше својот фасцинантен турнир на кој ги урна сите фаворити, вклучувајќи ја и Германија која беше апсолутен фаворит во финалето кое се одигра оваа вечер.

Сосема спротивно од очекувањата, Египет имаше контрола во текот на целиот меч и ја диктираше играта уште од самиот старт, па сосема заслужено славеше со 32:28 за освојување на светската титула која има историско значење. Имено, Египет стана првата неевропска селекција која стигна до титулата на мундијалите до 19 години, со што само докажа дека во оваа земја во последните години ракометот и тоа како се развива како врвен спорт.

Само за потсетување, денеска во Скопје се одигра и мечот за третото место, а во „малото финале“ Данска беше убедлива против најголемото изненадување Португалија со 35:27. Македонските надежи на турнирот на кој беа домаќини завршија на 13-то место.

Facebook Коментари