Поврзете се со нас

Светски првенства

Египет го преслуша Чиле на отворањето на ракометниот мундијал

Објавено

на

Египет како домаќин на мундијалот денеска имаше привилегија да игра на отворањето на ракометното Светско првенство, турнир на кој домашната селекција е предводена од поранешниот тренер на Вардар и добар познаник на нашата публика, Роберто Парондо.

Шпанецот ќе биде наш противник во групната фаза откако добивме шанса како резерва да отпатуваме на најголемиот ракоментен собир, а во пресрет на првиот натпревар кој го играме утре против Шведска, го дознавме и првиот епилог од нашата група.

Египет покажа сила и крајно добра игра во офанзива во првото полувреме, во кое практично ги разреши сите дилеми кога е победникот во прашање. Чиле кој во загревањето за мундијалот на двапати загуби од избраниците на Данило Брестовац, вечерва немаше решение и за играта на Египќаните кои на крајот славеа со 35:29.

Големата предност му овозможи на Парондо да направи измени и да ги поштеди најдобрите ракометари пред следните предизвици, бидејќи вториот е токму против Македонија и натпреварот се игра во сабота.

Натпреварот меѓу Египет и Чиле беше единствениот од денешната програма на Светското првество, кое продолжува утре со седум натпревари, меѓу кои и оној вечерниот во 20:30 часот меѓу Шведска и Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни