Египет го отпушти селекторот по шокот на Африканскиот куп на нации

havier-agire

Египетската фудбалска репрезентација беше голем фаворит за триумф на Африканскиот куп на нации, но домаќинот на турнирот доживеа шокантна елиминација во осминафиналето.

Мохамед Салах и неговите колеги вчера беа совладани со 1:0 од Јужна Африка и се претворија во најголемо разочарување на ова издание на африканското првенство, а ваквиот епилог му донесе отказ на селекторот Хавиер Агире.

Еден ден по поразот, Египетската фудбалска федерација му врачи отказ на Агире кој мора да ја преземе одговорноста за овој неуспех, а засега не е познато кој ќе го наследи.

Facebook Коментари