Поврзете се со нас

Евролига

Ефес со тројки го разби Макаби, Реал се посрамоти во Каунас (ВИДЕО)

Објавено

на

Бранителот на титулата во Евролигата, Анадолу Ефес го преслуша Макаби Тел Авив со 109-77 во средбата од 27. коло во најквалитетното европско натпреварување.

Домаќините беа незадржливи, максимално расположени и дуелот го завршија со дури 22 постигнати тројки или 64.7 проценти што е фантастичен учинок. Уште поимпресивен е податок кој вели дека само 3 од 109 кошеви беа постигнати од слободни фрлања.

Мициќ со 20 поени беше прв стрелец кај побендикот, Жижиќ и Вилбекин заедно за гостите искомбинираа 34 кошеви.

Реал Мадрид доживеа вистински дебакл во Каунас кај последно пласираниот тим на табелата Жалгирис. „Кралевите“ дадоа само 47 поени за 40 минути за конечни на крајот 68-47. Улановас со 15 поени се истакна кај литванскиот претставник, единствена светла точка кај Реал беше центарот Таварес со дабл-дабл од 12 поени и 12 скокови.

Останати резултати:

Олимпијакос-Милано 67-58

Асвел-Алба 80-82

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни