Поврзете се со нас

Евролига

Ефес прокоцка голема предност, Асвел со пресврт до трета победа во Евролигата

Објавено

на

Француски Асвел продолжува со одличните игри во новата сезона на кошаркарската Евролига, а вечерва успеа да го победи актуелниот европски првак Анадолу Ефес.

Асвел го победи турскиот тим со 75:73, иако Анадолу Ефес имаше предност од 19 поени во третиот период од средбата.

Џонс со 16 и Хауард со 13 поени биле најефикасни во победничкиот состав, додека Мициќ со 24 поени беше најдобар реализатор во редовите на Ефес.

Ефес веќе нанижа три порази од почетокот на сезоната, што е навистина неочекувано негативен старт за избраниците на Ергин Атаман.

Перфектниот учинок го задржа и тимот на Милано, кој вечерва го победи Макаби со 83:72, предводен од Хол и Митоглу кои го завршиле натпреварот со 17, односно 16 поени.

На другите натпревари: Басконија-Панатинаикос 81:79, Алба-Фенербахче 84:70, ЦСКА-Зенит 77:67 и Уникс-Баерн 73:70.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни