Поврзете се со нас

Евролига

Ефес и врати на ЦСКА за понижувачкиот пораз во Москва, Реал со супер финиш до значајна победа (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Кошаркарите на Анадолу Ефес се во извонредна форма, а тоа уште еднаш го потврдија на вечерашниот дуел против ЦСКА Москва кој го добија со убедливи 100-70 во рамките на 28. коло во Евролигата.

Ова за избраниците на Атаман шеста победа во низа, деветта во последните десет натпревари, победа со која на најдобар можен начин им се реваншираа на „армејците“ кои првата сезонска битка во Москва ја реализираа во своја корист со 100-65.

Шест играчи беа двоцифрени, листа која ја преводеше плејмејкерот Мициќ со 21 поен на кои додаде 6 скокови и 8 асистенции.

Реал Мадрид пак со супер финиш се избори за славје над Зенит од 75-71. Четата на Ласо завршните две ипол минути ги доби со 9-2 што беше доволно за позитивен резултат.

Таварес и Дек искомбинираа 31 поен, Пангос за домаќините беше автор на 14 кошеви.

На преостанатите два дуели Макаби и Баерн во своите арени славеа над Валенсија и Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни