Поврзете се со нас

Германија

Ефенберг за потегот на Баерн за Кимих: Тој е многу важен играч, но…

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен затвори неколку важни прашања со продолжувањата на договорите на Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала, но засега нема таков успех кога е во прашање Јозуа Кимих.

Кимих е еден од најважните играчи во клубот, ас кој во моментов е трет капитен, но со оглед на тоа што Мануел Нојер често има проблем со повреди, а Томас Милер се помала минутажа и улога, може да се каже дека тој е вистинскиот лидер.

Сепак засега не успева да пронајде заеднички јазик со Баерн кој пред неколку дена изненади и одлучи да ја повлече последната понуда која му ја доставил на германскиот репрезентативец. Ова може да значи и заминување на Кимих од „Алијанц Арена“, но сите опции се во играи за тоа е свесен легендарниот Штефан Ефенберг кој смета дека клубот поставил правилно во оваа ситуација.

Потрес во Минхен: Баерн ја повлече последната понуда во преговорите со Кимих!

-Мислам дека Баерн ја направи вистинската работа. Мора да бидете цврсти, во одреден момент треба да ви биде јасно како ќе пристапите на следната сезона и тоа е природно од страна на клубот. Кимих е многу важен играч и доколку му биде обновен договорот ќе стане капитен на Баерн. Но, се чини дека тоа не му е важно. Има нешто што го спречува да го продолжи договорот и тоа ме загрижува, -вели Ефенберг и додава:

-Што е проблемот тој да излезе и како предводник на тимот јавно да каже: „Останувам или заминувам на лето? Не го разбирам тоа од играчка гледна точка: еден или два милиони не треба да бидат проблем. Мора да кажете: Сакам да останам во овој клуб. И тогаш ова нема да трае толку долго. Секако Кимих има исклучителна сезона, но Баерн има одлични опции во средниот ред со Павловиќ, Палиња, Лајмер, а следната година ќе добие и исклучително талентиран играч во Том Бишоф. Ако Кимих се предомисли, светот во Баерн (Минхен) нема да заврши, -порача некогашниот капитен на клубот од Минхен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни