Поврзете се со нас

Европски првенства

Ефенберг го детектираше главниот проблем на Шпанија

Објавено

на

Шпанската фудбалска репрезентација заработи многу критики поради начинот на кој ги одигра првите два натпревара на Европското првенство и освоените два бода, па во последното коло влегува без сигурен пласман во осминафиналето.

Германската легенда Штефан Ефенберг во својата анализа за случувањата околу составот на Луис Енрике, вели дека главен проблем на Шпанците е што во составот немаат ниту еден фудбалер на Реал Мадрид.

– Ако не повикаш ниту еден фудбалер на Реал, тогаш очекувано е да имаш проблеми. Тоа е исто како Германија да нема ниту еден играч на Борусија Дортмунд (има двајца на ова ЕП), – вели Ефенберг.

– Најмногу недостасува карактер како тој на Серхио Рамос, кој не ги испушта работите од контрола, – смета поранешниот германски репрезентативец.

Во денешното последно коло, Шпанија се среќава со Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни