Поврзете се со нас

Европски првенства

Ефенберг: Данците се посебно незгодна селекција, го почувствував тоа во 1992 година

Објавено

на

Foto:x.com/nzs_si

Германија влегува како фаворит во дуелот со Данска во осминафиналето на ЕП, но поранешен репрезентативец смета дека скандинавската селекција ќе биде незгоден противник во оваа рунда.

Данците имаа три нерешени резултати во групната фаза, а Штефан Ефенберг смета дека на моменти ќе и создаваат големи проблеми на Германија.

– Тие досега покажаа дека не само што можат да се бранат добро, туку имаат и играч како Ериксен, кој може да направи разлика со својата креативност. Данска е противник на нивото на Швајцарија, репрезентација која ни создаде многу проблеми на претходниот дуел.

– Сепак, пристапот на Данците е поинаков, тие се адаптираат на секој различен противник, ќе сакаат да ни направат проблем и сигурно ќе уживаат многу ако не елиминираат на ЕП на домашен терен.

-Зборувам и од искуство, да ве потсетам на ЕП во 1992 година. Данците ја заменија Југославија, беа релаксирани и без притисок на сите натпревари, за на крајот да не победат во финалето со два гола од два шута, – вели Ефенберг во својата колумна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни