Поврзете се со нас

НБА

Едвардс со страшен респект за ривалски играч: Тој е МВП во НБА лигата!

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Актуелната сезона во НБА лигата досега исфрли неколку кандидати за признанието МВП, а првата ѕвезда на Минесота, Ентони Едвардс очигледно веќе го промовираше својот фаворит за признанието.

По вчерашниот пораз на Минесота од Оклахома Сити и доминацијата на Шеј Гилџус-Александер и на оваа средба, предводникот на „волците“ не штедел комплименти за големиот ривал.

– Тој е МВП во НБА лигата.

– За мене тој е играч кој е невозможно да се чува. Секогаш кога ќе дојдете во дуел еден на еден со него, најпаметно е да се откажете и да му дозволите да постигне два поена.

– Мора да му се постави одредена стапица, потег со телото или нешто слично, бидејќи секогаш кога е во дуел со некого за кого знае дека не може да го чува, тој ќе реализира.

– Не знам дали пак би му ја дале наградата на Јокиќ, Шеј изгледа како вистински МВП, беше неверојатен и вечерва, – рекол Едвардс.

Канадскиот репрезентативец минатата сезона заврши на второто место во МВП трката, но оваа дефинитивно е уште поблиску до престижното признание.

Гилџус-Александер е втор најдобар реализатор во лигата, а неговиот тим има најдобар резултат во Западната конференција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни