Поврзете се со нас

НБА

Едвардс со ол-стар потег ги крена на нозе фановите на Минесота (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Timberwolves

Минесота оствари победа (118:103) над сериозно ослабениот Мемфис и стигна до 30-та победа сезонава во НБА лигата, а Ентони Едвардс го направи потегот на вечерта.

Едвардс реализираше 26 од своите 28 поени во второто полувреме, а со својот најдобар потег ја крена на нозе публиката, односно фановите на Минесота.

Ѕвездата на Тимбервулвс најпрвин го исфрли од игра Тилман, а потоа си асистираше од табла за атрактивно забивање и голема еуфорија во арената на досега најдобриата екипа во западната конференција.

Кај поразениот тим најефикасен бил Џексон со 36 поени, но Мемфис не можеше да стори нешто повеќе на ова гостување без Морант, Смарт и Бејн во составот.ѝ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни