Поврзете се со нас

НБА

Едвардс „експлодираше“ против Јокиќ, Минесота му одржа лекција на Денвер

Објавено

на

Foto:x.com/Timberwolves

Минесота ја запиша втората победа во низа во дуелите со Денвер, но оваа последната е навистина импресивна за „волците“ кои одиграа неверојатен меч на домашен терен.

Ентони Едвардс „експлодираше“ во дуелот со Никола Јокиќ и го предводеше својот тим до огромна победа изразена со резултат 133:104, средба која на крајот ја заврши со 34 поени и 9 асистенции зад своето име.

Едвардс беше извонредно добар и на претходниот меч со Денвер и станува јасно дека посебно се мотивира кога игра против Нагетси, или поточно во дуелите со Јокиќ кој овојпат постигна 20 поени, на кои додаде и 11 асистенции.

Покрај главните ѕвезди, во редовите на Минесота се истакнаа Рендл и Гобер, додека кај Денвер расположен беше уште Мареј со 25 поени.

НБА резултати:

Индијана – Сан Антонио 136:98
Минесота – Денвер 133:104
Далас – Бостон 107:122
Бруклин – Мајами 97:106
Орландо – Детроит 121:113
Њу Орлеанс – Шарлот 92:123
Њујорк- Сакраменто 143:120
Кливленд – Хјустон 131:135
Атланта – Торонто 94:117
Мемфис – Јута 125:103
Чикаго – Филаделфија 97:109
Голден Стејт – ЛA Лејкерс 108:118
Фeникс- Вашингтон 119:109
ЛA Клиперс – Милвоки 127:117

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни