Поврзете се со нас

Македонија

Едукативен мото-настан и хуманитарна акција

Објавено

на

Photo by Harley-Davidson / Unsplash

Мото Клубот „Guardian Angels MC“ во соработка со Општински Црвен Крст – Гази Баба, Медика Про и други, во кругот на домот студентскиот дом „Стив Наумов“ (поранешно сајбер кафе), ќе организира настан од областа на безбедноста во сообраќајот, односно „Показна вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите“.

Овој настан е дел од проектот „Погледни два пати, спаси живот“. Организацијата е од отворен карактер и добредојдени се сите лица кои сакаат да присуствуваат на оваа едукативна вежба и да ги подобрат или обноват своите познавања од сообраќајната култура.

Настанот ќе започне од 11.00 часот и предвидено е да трае до 12.00 часот. Како дополнување по завршувањето на вежбата ќе биде организирано дружење на присутните во клупските простории, каде што сите учесници ќе можат да донираат облека или парични средства за оние на кои тоа им е потребно.

Паричните средства ќе бидат наменети за спасување на еден млад живот – Никола, кој боледува од рак на коските.

– Со првите топли денови, за жал почнуваат и нашите проблеми како учесници во сообраќајот. Разговараме често во мото круговите па и пошироко, на тема „како до поголема безбедност додека возиме мотор“, па овој пат решивме тоа да биде еден посериозен и помасовен настан, односно групна едукација, па затоа започнуваме со показната вежба за повреден мотоциклист, по нашки моторџија. Нашиот клуб постои веќе 15-та година и сакаме да делуваме едукативно на сите учесници во сообраќајот. Како го правиме тоа? Од почеток на летово во нашите клупски простории почнуваме со предавања околу тоа како треба да се вози мотор, тоа ќе го каже стручно овластено лице, инструктор, но тука сме и ние со нашите години искуство во секакви ситуации да споделиме несебично се околу тоа.

На едукативните предавања ќе бидат поканети сите што сакаат да почнат да возат мотор, додека за малолетници ќе инсистираме да дојдат со своите родители, старатели, да видат со што се нивното дете или млад човек ќе се соочи на улиците во сообраќајниот хаос кој владее мноооогу години,- вели претседателот на клубот, Благоја Бади Апостолов.

Ова не е единствен хуманитарен настан во организација на „Guardian Angels MC“, тие веќе 15 години во текот на месец октомври организираат и крводарителска акција, која според бројот на учесници е една од најмасовните, што е потврдено и од статистиката на Црвениот Крст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни