Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Едно полувреме не е доволно: Кил го освои Скопје, Вардар влезе во црна серија

Објавено

на

Ракометарите на Вардар го претрпеа третиот пораз во низа во Лигата на шампионите и тоа од составот на Кил кој оваа вечер го освои СЦ „Јане Сандански“ со 29-26.

Доста возбудлив и динамичен беше дуелот во Скопје, двете екипи добија по едно полувреме, но она на бундеслигашот на повисоки ниво и изразено со повеќе погодоци. Избраниците на Веселин Вујовиќ одиграа супер квалитетни 30 минути во кои го спуштија гостинот на само десет голови (13-10), меѓутоа тоа пеколно темпо не го издржаа и во продолжението противникот беше тој што наметна ритам, дојде до ситуација да ја контролира играта и резултатот.

Вардар поведе со 18-15 за да потоа Кил со серија од 5-0 направи пресврт и поведе со 20-18. Домаќинот иако беше бодрен од навивачите не успеа да го воврати ударот, се бореше машки, ама четата на Јиха го имаше последниот збор и знаеше како да го заврши дуелот во Аеродром.

Дибиров со 10 голови беше прв стрелец, Томовски пак имаше 12 одбрани. Кај Кил листата ја предводеш Дувњак со седум голови.

Вардар во следното коло му гостува на ПИК Сегед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни