Едно име се наметнува како фаворит за селекторската позиција во италијанската репрезентација

italija-888238

Карло Тавекио, претседателот на Италијанската фудбалска федерација во оставка, соопшти дека е потребно уште малку време да помине пред да биде назначен нов селектор на националниот тим.

– Уште од денот по натпреварот Италија-Шведска, во контакт сум со сите големи имиња во Европа, но сите тие се под договор – изјави денеска Тавекио.

Големите имиња што ги споменува Тавекио се Клаудио Раниери, Антонио Конте, Карло Анчелоти и Роберто Манчини. Со оглед на неговото педигре, можноста да го раскине договорот со Зенит и изјавите што ги даваше последниов период, Манчини е фаворит да стане нов селектор, јавуваат италијанските медиуми.

Анчелоти, исто така, е без работа откако беше отпуштен од Баерн, но германскиот клуб има договор со италијанскиот тренер до јуни 2018 година и Италијанската фудбалска федерација ќе треба да го убеди да се откаже од голема сума пари.

Facebook Коментари