Поврзете се со нас

Англија

Една од ѕвездите во тимот на Јунајтед неизвесна за дербито со Ливерпул

Објавено

на

Манчестер Јунајтед во недела го пречекува Ливерпул во големото премиерлигашко дерби, но домаќините може да бидат без еден од своите најважни фудбалери.

Се работи за Бруно Фернандеш кој се пожалил на повреда по дуелот со Аталанта и сега е неизвесен за многу важната пресметка во домашното првенство.

Јунајтед досега не споделил информација за евентуално отсуство на Португалецот, но англиските медиуми тврдат дека присутните на „Олд Трафорд“ можеле да забележат дека Бруно има сериозен проблем по пресвртот во дуелот со Аталанта.

Тимот на Оле Гунар Солскјер мора да оди на позитивен резултат затоа што нема победа на последните три средби и веќе има пет бода помалку од лидерот Челси.

Натпреварот се игра во недела од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни