Поврзете се со нас

Европски првенства

Една невнимателност во одбраната ја чинеше Македонија пораз од Франција

Објавено

на

Младата репрезентација на Македонија претрпе пораз од Франција со 1:0 во натпреварот од квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година.

Избраниците на Драган Канатларовски одиграа сосема солиден натпревар на „Тодор Проески“ арената и одлично се носеа со фаворизираниот противник, а само една невнимателност во одбраната ги чинеше пораз.

Фудбалерот на Милан,  Пјер Калулу ја затресе мрежата на Денковски во 75. минута од натпреварот по невнимателната реакција на стоперот, Манев.

 

И покрај поразот, Македонија останува на третата позиција на табелата со шест бода, сега со крајно минимални шанси да обезбеди бараж натпревар за пласман на Европското првенство.

Претходно, репрезентацијата на Украина со 2:1 славеше против Србија и со тоа се зацврсти на втората позиција на табелата со 13 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни