Поврзете се со нас

Свет

Една легенда замина, друга дојде: Загреб го претстави новиот тренер!

Објавено

на

Најдобриот хрватски клуб ППД Загреб одлучи да се раздели Игор Вори, а потрагата по нов тренер не траеше многу затоа што веднаш беше претставен новиот предводник-тоа е Владо Шола.

Ова значи дека „плинарите“ една ракометна легенда ја заменија со друга со надеж дека резултатите ќе биде далеку подобри под водство на Шола.

-Секако не е пријатно да се најдете во ситуација кога немате премногу време да се запознаете со тимот, но повикот од Загреб не се одбива и чест ми е што ја добив оваа можност. Кога размислував за Загреб, секогаш знаев дека сакам да бидам дел од тоа ракометно семејство и дека како тренер сакав дополнително да се афирмирам работејќи во најдобриот хрватски клуб.

-Додуша, сега на ум ми доаѓаат зборовите на една писателка која кажа „среќата е убава само додека се очекува“. Јас ја дочекав мојата среќа, која сега станува голема обврска и товар што ќе морам да го сносам со соработниците и со остатокот од клубот. Сите мои знаења и вештини ќе му ги дадам тимот и во создавање резултати. На крај би сакал да му се заблагодарам на Игор Вори кој работеше најдобро што можеше. Тоа е спорт е, некогаш нема успех, некогаш и среќа. Неговата работа, сигурен сум, беше многу квалитетна и ќе се обидам да продолжам таму каде што застана и да ја надоградувам со моите идеи ,-порача Шола кој дебито ќе го има против Барселона во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни