Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Една година од чудото: Како „ранетиот лав“ Вардар ја „распарчи“ моќната Барселона (Видео)

Објавено

на

Вардар како „ранет лав“ замина на ЕХФ завршниот турнир во Келн кој стартуваше пред точна една година, а од првиот натпреварувачки ден на фајнал-форот, ни пристигна натпреварот кој вечно ќе остане во сеќавање на играчите на Вардар, но и на сите искрени македонски љубители на ракометот.

Македонската гордост направи епско чудо во Келн по ужасното прво полувреме кое го одигра против Барселона, па кога сите се подготвуваа за тоа само колку ќе изнесува конечната разлика со која ќе победи каталонскиот гигант, се случи нешто што тешко се опишува со зборови.

Вардар се врати од „мртвите“, па негатавита од седум гола на полувреме која се чинеше како недостижна, на крајот се претвори во позитива од два гола и херојски триумф од 29:27 во драма за паметење и прераскажување.

„Црвено-црните“ излегоа како друг тим во вторите 30 минути и приредија непријатно дежа-ви за каталонците, уште поболно за нив од она две години претходно кога Барселона исто така стоеше на патот до финалето за Вардар.

Минатогодишниот епски кам-бек беше јасна најава за она што се случи подоцна во финалето против Веспрем, по што Вардар стигна до својата втора титула во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни