Поврзете се со нас

Шпанија

Една фотографија, 1000 зборови: Во Барселона никој не го ферма Сетиен (Фото)

Објавено

на

Шпанскиот гигант Барселона по рестартирањето на сезоната влезе во тешки проблеми кои почнаа да се одразуваат и на резултатски план.

Каталонскиот клуб се соочува со две спротивставени страни во своите редови, од една страна се играчите предводени од Лео Меси, а од друга страна е тренерот Кике Сетиен кој полека ги испушта конците од своите раце.

Дека наскоро ќе стане поранешен тренер на Барселона знае и најголемиот фудбалски лаик затоа што „од авион“ се видливи проблемите кои ги има клубот.

За тоа говори и една фотографија од вчерашната средба помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид за време на паузата за освежување.

Додека играчите на Атлетико се собрани околу Диего Симеоне и го користат овој своевиден „тајм-аут“ за да добијат дополнителни совети од својот тренер, играчите на Барселона се далеку од Сетиен кој само немо ги набљудува.

На претходниот натпревар против Селта Виго се појави видео на кое се гледа Лео Меси кој добива совети од асистентот на Сетиен, Едер Сарабија, но истите не ги восприема и само поминува покрај него.

Барселона со ваквите чекори се повеќе и повеќе заостанува во трката за титулата, а Реал Мадрид доколку слави на натпреварот против Хетафе ќе се одлепи на во ваков развој на настаните недостижни четири бода во однос на најголемиот конкурент за титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни