Со една четвртина нема победа: „Соколите“ повторно паднаа пред Солнок

RA1_6721

И по четвртата рунда во групата Х составот на Карпош Соколи остана без победа во ФИБА Еврокупот.

Вечерва македонскиот претставник доживеа убедлив пораз од унгарски Солнок со 91-73 иако самиот старт не го најавуваше ваквиот резултат. Имено „соколите“ го добија првиот период со 26-21 за да во втората четвртина комплетно потфрлат и постигнат само осум поени (24-8) со што му овозможија на противникот да направи двоцифрена разлика (45-34).

RA1_6745

RA1_6721

Вториот дел не донесе промени, гостинските играчи го диктираа темпото, ја зголемуваа разликата и дојдоа до поскауваната цел во СЦ „Борис Трајковски“.

RA1_6718

RA1_6711

Чомагиќ уфрли 17, Лабовиќ 15, а Мекфејден 14 кошеви, додека пак листата на другата страна ја предводеше поранешниот член на Карпош, Кендрик Пери со 17 поени.

Facebook Коментари