Единаесетка од која боли глава: Легендарниот Сколс го избра идеалниот дрим тим од играчи на Јунајтед (ФОТО)

skols

Легендата на Манчестер Јунајтед и на англискиот фудбал, Пол Сколс го избра својот идеален, дрим тим од играчи со кои можеше да ја дели соблекувалната во своето патување на „Олд Трафорд“.

Сколс одигра повеќе од 700 натпревари за Јунајтед и притоа со „црвените ѓаволи“ освои 11 лигашки титули, три ФА Купови и два пати беше дел од екипата која триумфираше во Лигата на шампионите. Ова сосема говори за неговата блескава кариера во која воедно имаше можност да се дружи, соработува со голем број на имиња, големи ѕвезди, но тој нема проблем да ги издвои најдобрите, поточно да состави идеален тим.

Во истиот одлучи да не го смести неговото име, па формацијата 4-3-3 изгледа вака:

Голман: Питер Шмајхел

Одбрана: Гери Невил, Рио Фердинанд, Јап Стам и Денис Ирвин

Средина: Рој Кин, Рајан Гигс и Дејвид Бекам

Напад: Вејн Руни, Кристијано Роналдо и Руд Ван Нистерлој

Scholes-tim

Facebook Коментари