Поврзете се со нас

Англија

Еди Хау завршил во болница, нема да го води тимот на дербито против Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/NUFC

Њукасл ќе ја продолжи својата потера кон топ четири во Премиер лигата на утрешниот натпревар против Манчестер Јунајтед, но тоа ќе го прави без својот лидер и прв менаџер.

„Страчките“ нема да можат да сметаат на услугите на менаџерот Еди Хау за овој првенствен натпревар кој е закажан за утре, а оваа вест ја соопшти клубот преку социјалните мрежи.

Њукасл информираше дека здравјето на Еди Хау се нарушило во последните неколку дена, па откако не одговорил позитивно на првично препорачаната терапија, вчера бил префрлен во болница.

Клубот од „Ст. Џејмс парк“ не открива повеќе детали околу видот на болеста која го нападнала Хау, но најави дека во најскоро време ќе сподели повеќе информации за неговата здравствена состојба.

Во соопштението се вели дека „Хау е свесен и комуницира“, па овој дел дефинитивно и исплаши дел од фановите на Њукасл, кои почнаа да искажуваат загриженост за неочекуваните вести кои пристигнаа од клубот.

Поради недостапноста на Еди Хау, утре Њукасл ќе биде воден од Џејсн Тиндал и Грем Џоунс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни