Поврзете се со нас

Англија

„Еден во два“ за десетта победа на Челси во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ChelseaFC

Фудбалерите на Челси се изборија за победа над Кристал Палас од 3-1 во завршниот меч од 24. коло во англиската Премиер лига.

Домаќините беа подобри во првиот дел и истиот го решија со 1-0 со убавиот гол кој во 30. минута го постигна колумбискиот интернационалец Лерма.

Меѓутоа по паузата „сините“ заиграа далеку подобро, беа поконретни, поопасни и сетоа тоа даде резултат. Веќе на стартот на второто полувреме Галагер израмни на 1-1.

Овој резултат беше активен се до самата завршница кога Галагер во 91 минута постигна уште еден погодок за целосен пресврт. Потоа Кристал Палас тргна на се или нешто, па се отвори контра за Челси која Фернандез ја искористи за 3-1 и три бода за составот предводен од Покетино.

Со 34 бода Челси е на 10. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни