Светски првенства
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува

Унгарската ракометна репрезентација успеа да избегне пораз во самата завршница од возбудливиот меч со Македонија, а еден од најрасположените противнички играчи беше Зоран Илиќ.
Десниот бек беше посебно инспириран на стартот на натпреварот кога постигна четири голови во мрежата на Никола Митревски, но до крајот постигна уште два и всушност беше најдобар стрелец во противничкиот табор.
Поради своите српски корени, Илиќ доволно добро го познава и љубовта која ја негуваат Македонците кон ракометот, меѓутоа на унгарските новинари им открил дека бил користен од тренерот и за да ги слуша советите кои им ги давал Кирил Лазаров на нашите репрезентативци.
– Поради тоа што зборуваме навистина сличен јазик, се обидував да обрнам посебно внимание додека бев на клупата, со цел да можам добро да се распоредам во одбрана и да му помогнам на тимот.
– Првиот натпревар на Светско првенство секогаш е тежок, имавме добар старт, но потоа уништивме се со нивната серија од 8:1. Се обидовме да се вратиме и фала му на Бога го направивме тоа. Моравме да се бориме против расположениот македонски голман цели 60 минути, па на крајот добро е што извлековме бод, – изјавил Илиќ.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија12 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија14 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА19 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)