Поврзете се со нас

Германија

Еден потег ја прелил чашата: Тензија на релација Барселона-Баерн Минхен

Објавено

на

Раководствата на Барселона и Баерн Минхен се нашле во конфликтна ситуација, која ги нарушила вообичаено коректните односи меѓу фудбалските великани, – пренесува германски „Спорт1“.

Информациите на овој медиум се дека Жоан Лапорта и неговите соработници се налутиле многу затоа што Баерн зад нивниот грб се обидел да преговара со Педри и да ги прекине преговорите за продолжување на договорот.

Баерн покрај со Педри, решил да преговара и со агентите на Сержињо Дест, па ваквите информации не биле добро примени на „Камп Ноу“, во клубот кој досега одлично соработуваше со Баерн и кој го испрати Кутињо на заем на „Алијанц“ како дел од соработката.

Барселона решила да одговори со испраќање понуда до дефанзивецот Никлас Зиле, а шпанскиот клуб покажал интерес и за младинците Кенан Јилдиз и Габриел Видовиќ.

Дополнителна тензија донеле и коментарите на поранешните и сегашните функционери на Баерн во однос на Супер лигата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни