Поврзете се со нас

Боречки спортови

Еден од најлудите нокаути во боксот: Го провоцираше противникот, па заврши надвор од рингот (Видео)

Објавено

на

Канело Алварез ја покажа својата класа и вчера освои два појаси во супер средна категорија, а во најавата на главната борба во Тексас, верните фановите на боксот беа сведоци и на една необична борба во која главните улоги ги имаа Франк Санчез и Хулијан Фернандез.

Санчез влезе во битката како боксер без ниту еден пораз во кариерата, а таквиот статус ќе го одржува и во блиска иднина, бидејќи вчера му приреди класичен нокаут на својот предизвикувач кој заврши зад јажињата.

Кубанецот изрежира еден од најнеобичните нокаути во поновата историја на боксот, бидејќи противуникот буквално заврши надвор од рингот по завршните удари.

За волја на вистината, Мексиканецот Фернандез во текот на борбата се одлучи за една необична техника и го провоцираше ривалот да му задава удари, но во седмата не можеше да издржи на нозе по силните диреци и заврши зад јажињата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни