Поврзете се со нас

АТП

Еден од најдобрите тренери во светот: Синер е подобра верзија на Ѓоковиќ и е далеку поконстантен од Алкарас

Објавено

на

Foto:x.com/ChinaOpen

Патрик Муратоглу важи за едно од најценетите имиња во „белиот спорт“, не само поради познатата Академија која ја има за млади тенисери, туку и поради фактот што како тренер соработуваше и се уште соработува со големи врвни имиња во машкиот и женскиот тенис.

Муратоглу стави крај на дебатата за најголем на сите времиња и посочи дека Новак Ѓоковиќ ги надмина Рожер Федерер и Рафаел Надал со своите достигнувања, но сега апострофира дека Јаник Синер е нова верзија на Србинот, кој е и уште подобра.

– Синер едноставно не знае да промашува и има ракета во раката. Игра исклучително агресивно и брзо, а со тоа не им дава никаква шанса на ривалите.

– Има извонреден ритерн, а очигледно го поправи и сервисот во последните две години. Покрај форхендот кој му е најсилно оружје, почна да се потпира и на бекхендот. Слободно може да се каже дека тој е втора верзија на Новак Ѓоковиќ, па дури и подобра.

– Тој игра побрзо и поагресивно од Новак, цело време ја движи играта напред и постојано го напаѓа противникот, – потенцира Муратоглу, кој прави и мала паралела меѓу Италијанецот и Карлос Алкарас.

– Карлос е поразновиден и подобар од Јаник кога игра на највисоко ниво, но тоа не го прави секојпат. Синер поконстантен од него и поради тоа е најдобар во светот. Знае да ја канализира агресивноста на најдобар можен начин и игра речиси исто на секој меч, нешто што не е случај со Алкарас, – заклучува Муратоглу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни