Поврзете се со нас

Англија

Еден од најдобрите млади фудбалери му се нуди на Ливерпул: Преферирам да играм таму

Објавено

на

Белгискиот клуб Андерлехт важи за клуб кој во минатото произведувал одлични таленти кои блескале на светската фудбалска сцена.

Во моментов најдобриот фудбалер кој излегол од школата на белгискиот клуб е Ромелу Лукаку, а сега јавноста во Белгија го пронајде фудбалерот на кого му предвидуваат блескава иднина.

Станува збор за 18 годишниот стопер, Марко Кана кој се смета за наследник на неговиот тренер во Андерлехт, Винсент Компани.

Кана има сериозни амбиции во кариерата и веќе планира да заигра за тимот на Ливерпул кој доминира во Англија во последниве години.

– Сакам да играм во странство во некој голем или помалку голем клуб, а потоа да заиграм во некој од најдобрите англиски тимови. Во моментов ако ме прашате, преферирам трансфер во Ливерпул. Тие доминираат на сите страни, -изјави Кана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни