Поврзете се со нас

Италија

Еден од најдобрите играчи на Милан призна: Го гледам само Ибра на теренот

Објавено

на

blank

Златан Ибрахимовиќ имаше неверојатно позитивно влијание врз играта на Милан и тоа што многумина го очекуваа, на крајот и се оствари по завршувањето на вториот дел од сезоната.

Тимот на Пиоли заигра за неколку нивоа подобро по пристигнувањето на искусниот напаѓач, па уште еднаш се докажа дека победничкиот дух на Ибра и тоа како се чувствува на фудбалскиот терен, особено кога неговите соиграчи ги следат амбициите на Швеѓанецот.

Милан освои убедливо најмногу бодови во Серија А по рестартот на сезоната и на крајот се избори за пласман во Европа, па откако италијанските медиуми најавија дека Ибра ќе остане уште една сезона на „Сан Сиро“, неговите соиграчи почнаа да излегуваат во јавноста со изјави за Златан.

Исмаел Бенасер е еден од најдобрите играчи во актуелниот тим на Милан и фантастичниот играч за врска не крие дека тимот добил друг карактер со Ибра на теренот, но 22-годишникот исто така признава дека кога е Златан на теренот, не гледа ниту еден друг соиграч.

– Ибра бара перфекција од секој соиграч, секогаш е така. Не смеете да направите грешка кога Златан е блиску до вас. Тој ве прави подобар играч со своите големи барања. По неговото пристигнување, сите мислиме како него и тоа се почувствува на теренот. Кога имате играч како него на теренот, гледате што е можно побрзо да ја пренесете топката во противничката половина. Секогаш го барам него на теренот, дури и ако имам подобро решение. Ние сме на иста бранова должина, му ја давам топката за да може да прави што сака во завршната третина од теренот, – признава Бенасер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни