Англија
Еден од најдобрите играчи на Евертон влегол во отворен клинч со Бенитез, си оди во јануари

Англиските медиуми пренесуваат дека еден од најдобрите играчи на Евертон, Лукас Дињ влегол во отворен конфликт со тренерот Рафаел Бенитез пред сите играчи во соблекувалната.
Токму затоа францускиот лев бек не бил ни во составот за натпреварот со Арсенал кој „карамелите“ го добија со 2:1 со прекрасниот гол на Демаре Греј во самиот финиш од натпреварот.
Иако Дињ е единствениот лев бек во тимот, по караницата со Бенитез бил изоставен од тимот, а на негово место против Арсенал играше Бен Годфри, на позиција која не е примарна за него.
„Атлетик“ пренесе дека голема е веројатноста дека екс играчот на Барселона уште во јануари ќе биде ставен на трансфер листа и ќе биде продаден.
Интересот за левиот бек е голем, со оглед на одличните партии кои ги прикажуваше во дресот на Евертон оваа и минатата сезона, а се верува дека Њукасл прв ќе тргне по неговиот потпис.
-
Шпанијапред 24 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 20 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 17 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 15 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 20 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)