Поврзете се со нас

Европски првенства

Еден од најдобрите голмани во Бундеслигата ќе извиси во германскиот состав

Објавено

на

Фото:twitter.com/dfb_team

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман најави дека ќе чека до последен момент за да го потврди официјалниот список на фудбалери кои ќе играат на ЕП 2024, но очигледно веќе решил да прецрта едно име.

Се работи за одличниот голман Александер Нибел, кој последнава сезона беше еден од најважните фактори за одличните резултати на Штутгарт.

Првично, Нагелсман планираше да пријави четири голмани, но сега Нибел ќе отпадне од комбинација, па Германците ќе располагаат со тројца голмани.

Тоа се Мануел Нојер, Марк-Андре тер Штеген и Оливер Бауман.

Нагелсман треба да го скрати списокот со уште пет фудбалери, а Германија го отвора ЕП со дуел со Шкотска на 14. јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни