Поврзете се со нас

Шпанија

Еден од милениците на Зидан: Сакам да се пензионирам во Реал, но би се вклопил во Премиер лигата

Објавено

на

Лукас Васкез е еден од милениците на Зинедин Зидан поради беспоштедната битка која ја нуди на теренот во секој поглед, а иако не се издвојува како еден од најквалитетните играчи во неговиот ростер, успева да надокнади со своето максимално залагање.

Крилниот напаѓач уживаше огромна доверба кај Зизу во неговата прва етапа, а иако добива значително помала минутажа оваа сезона, сепак добива шанса на одредени натпревари и не крие дека сака и натаму да го носи дресот на „кралскиот клуб“. Со оглед на ангажманот на Азар и „експлозијата“ на играчи како Винисиус и Родриго, очекувано беше неговата минутажа да се намали, па поради тоа, не се исклучува можноста да направи голем трансфер следново лето, без оглед на тоа што тој е подготвен да ја заврши кариерата на „Бернабеу“.

– Мојот сон е да се пензионирам во Реал Мадрид, но во фудбалот никогаш не се знае што следи. Кога бев мал, поостојано ја гледав Премиер лигата со мојот брат. Тогаш беше многу атрактивна, а истото важи и сега. Се игра добар фудбал и комплетно се совпаѓа со мојот стил на игра и со мојот карактер. Лесно би се прилагодил во Премиер лигата, – вели Васкез за „Гардијан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни