Поврзете се со нас

Англија

Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор

Објавено

на

blank

Томас Тухел се соочува со првите проблеми во новата средина кога во прашање се играчите на тимот на Челси.

Германецот го препороди тимот од „Стемфорд Бриџ“ каде се уште ја нема почувствувано горчината на поразот во првите осум средби како предводник на „сините“.

Тухел воведе некои промени кои донесоа резултат, а во тие промени беше вклучен и младиот напаѓач на клубот, Тами Ејбрахам кој не добива голема минутажа колку што добиваше под водство на Френк Лампард.

Ејбрахам има ограничена минутажа под Томас Тухел, па тоа било причината тој да одбие да го продолжи договорот со Челси кој му истекува во 2023 година.

„Атлетик“ пишува дека освен малата минутажа, причина за тоа што Ејбрахам се одлучил да не влегува во преговори за нов договор е и се почестото поврзување на Челси со Ерлинг Халанд, напаѓачот по кој лудува цела Европа.

Со доаѓањет на новиот тренер, пак, искусниот Оливие Жиру доби поголема шанса, па тој наскоро би можел да стави договор за уште една дополнителна сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни