Поврзете се со нас

НБА

Еден од браќата на Јокиќ удри фан на трибините во арената на Денвер (Видео)

Објавено

на

Никола Јокиќ повторно беше нерешлива енигма за Лос Анџелес Лејкерс и еден од клучните фактори што Денвер веќе води со 2:0 во плејоф серијата, но неговите најблиски предизвикаа контроверзи со однесувањето на трибините.

Темпераментните браќа на српскиот центар и досега влегуваа во одредени конфликти на НБА натпреварите, но утринава отишле најдалеку и сега се топ тема кај таблоидите.

Двајцата браќа се расправаа со еден фан на трибините, по што Страхиња Јокиќ му удира силна тупаница на навивачот, а целата сцена се случува пред очите на сопругата и ќерката на предводникот на Денвер.

Од видеото се гледа дека нема дополнителна кулминација по потегот на братот на НБА ѕвездата, но американските медиуми не пропуштија да пренесат што се случувалот на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни