Еден играч на каталонците јавно го искажа своето незадоволство: Жалам што не ја напуштив Барселона…

vermalen-suarez

Барселона бележи добри резултати под водство на Ернесто Валверде во сите конкуренции, но сите играчи дефинитивно не се задоволни со својот статус и минутажата што ја имаат во актуелната средина.

Токму еден од подзаборавените ликови, Томас Вермален јавно го искажа своето незадоволство, па воопшто нема да биде изненадување ако летне од „Камп Ноу“ веќе во јануарскиот преоден рок.

-Летоска сметав дека ќе биде позитивно ако останам во Барселона, ама по ова што сега го гледам сфатив дека сум погрешил, -истакнал Вермален за белгиските медиуми.

Facebook Коментари