Лига на шампиони
Еден играч на Баерн доби куп пофалби од Фердинанд и Харгрејвс: Каде беше, а каде е сега..
Баерн Минхен очекувано се пласираше во финалето откако ја искористи фаворитската улога и со 3:0 славеше против тимот на Лион.
„Баварците“ на овој натпревар беа предводени од Серж Гнабри кој постигна два погодоци во првиот дел од натпреварот.
Играчот кој не се снајде во Арсенал и Вест Бромвич сега доби куп пофални зборови од Рио Фердинанд и Овен Харгрејвс кои го следеа натпреварот од студиото на „БиТи Спорт“ и беа стручни коментатори за истиот.
– Неговата статистика е феноменална. Тој се наоѓа на топ ниво, светска класа. Тој дојде во Германија и буквално експлодира, а вечерва беше неверојатен.
– Ќе одам дотаму и ќе речам дека тој е еден од играчите кои најмногу напредуваа во фудбалот во овој момент. Не верувам дека има играч со подобра нагорна траекторија на кариерата од неговата.
– Каде беше кога беше избркан од Арсенал и Вест Бромвич, а каде е сега. Вау, -коментираше Рио, а на неговите зборови се надоврза и Овен Харгрејвс.
– Тој е неверојатен играч кој не добива многу почит за неговата целокупна игра. Носи одлични одлуки, тој е паметен и знае кога да истрча од позадина. Тој е силен и неверојатен финишер, -заврши Харгрејвс.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција