Поврзете се со нас

Италија

Еден е „Супер Марио“: Балотели ги „изненади“ соиграчите со петарда во соблекувалната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AdsKulubu

Марио Балотели предизвика пожар во својата куќа во Манчестер поради неправилно користење на ногомет, а и покрај тоа што „Супер Марио“ веќе има 33 години, очигледно се уште сака да се игра со запаливи материи.

Легендарниот италијански напаѓач последно се најде во центарот на вниманието поради очигледниот вишок на килограми како резултат на тримесечната пауза која ја имаше од терените, но ако ништо друго, неговото враќање во тимот на Адана гарантира забава.

Балотели повторно е дел од турскиот фудбал и се обидува да се врати во посакуван ритам, но лудориите и натаму се составен дел од неговиот живот, за што говори последото видео од соблекувалната.

Додека останатите соиграчи се пресоблекуваат, Балотели ги изненадува со петарди, а видеото очекувано експресно стана вирално на социјалните мрежи.

Како и обично, во оваа фаза од кариерата цел број еден за Балотели е да се врати во репрезентацијата, а дали ќе успеа да го убеди Лучијано Спалети да добие повик, ќе покаже само времето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни