Еден е Штербик: Три дена во Загреб беа доволни за да ја обезбеди најдобрата одбрана на ЕП (Видео)

sterbik-parada

Арпад Штербик пристигна во Загреб непосредно пред петочниот полуфинален дуел со Франција откако изненадно доби повик од шпанскиот селектор Рибера по повредата на Перез де Варгас, а каков ракометен великан е всушност 38-годишниот ветеран најдобар доказ добивме во изминативе три дена во Загреб по кои голманот на Вардар се закити со златен медал.

Штербик најпрво добро се загреа на дуело со Франција и со три одбранети пенали ги фрустрираше „петлите“, а вчера едноставно ја „спушти ролетната“ во финалето со Шведска и сосема заслужено беше прогласен за играч на натпреварот на завршниот меч. За да биде сатисфакцијата уште поголема, покрај освоениот медал и МВП наградата, Штербик сега ја понесе и најдобрата одбрана на ЕП, а бидејќи за сето ова му беа потребни само три дена, легендарниот голман уште еднаш го потврди епитетот за еден од најдобрите чувари на мрежата во историјата на оваа игра.

Во продолжение погледнете ги петте најубави одбрани на шампионатот, како и најдобрите пет голови во самата завршница.

Facebook Коментари