Еден добар настап и веднаш го сврти вниманието на големите клубови: Два гиганти заинтересирани за Халанд

haaland

Младиот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд го сврте вниманието на јавноста со одличниот настап во првото коло од Лигата на шампионите.

19 годишниот напаѓач постигна хет-трик на средбата против Генк и уште еднаш покажа дека станува збор за напаѓач пред кого е светла иднина. Халанд стана познат на јавноста откако постигна девет погодоци на натпревар за неговата Норвешка против младата селекција на Хондурас.

Според „Мундо Депортиво“ за Халанд има интерес од Барселона, додека австрискиот весник „Салцбургер Нахрихтен“ пишува дека и Манчестер Јунајтед и Оле Гунар Солскјер се распрашуваат за фудбалерот.

Халанд кој во досегашниот дел од сезоната има постигнато 17 гола на девет натпревариоваа сезона во кариерата има работено и со Солскјер во дресот на Молде.

Facebook Коментари