Поврзете се со нас

Англија

Еден ден по заминувањето од Јунајтед: ФА му изрече казна на Роналдо за немилиот инциден од месец април

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Кристијано Роналдо вчера стави крај на својата втора авантура во Манчестер Јунајтед, но само еден ден подоцна, ФА реши да му врачи казна на португалскиот фудбалер поради инцидент направен во месец април.

Роналдо му скрши телефон на млад аутистичен фан на Евертон и поради инцидентот заврши и во полицијата во Ливерпул, па иако подоцна се извини за инцидентот и го покани навивачот на „Олд Трафорд“, неговата мајка ја одби поканата и го нарече Португалецот „арогантен лицемер“.

Фудбалската асоцијација во Англија донесе решение за овој инцидент на спортски план дури по заминувањето на Роналдо од Манчестер Јунајтед, а истата содржи парична казна и суспензија од два натпревари.

Роналдо ќе мора да плати 50 илјади фунти за својот непрофесионален потег, а доколку направи трансфер во премиерлигашки клуб, ќе ги пропушти првите два натпревари.

– Не ми се верува дека зборувам за ова. Плачев, бев во шок, Џејкоб беше уште повеќе шокиран. Тој е аутистично момче, па не разбра веднаш што се случи додека не дојдовме дома. Беше многу вознемирен и разочаран. Ова беше неговиот прв натпревар во животот. Имавме прекрасен ден до самиот крај, кога тоа се случи. Роналдо ни уништи се за секунда, – изјави мајката на младиот Џејкоб во месец април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни