Поврзете се со нас

Англија

Еден ден по шокантната разделба со Фиорентина, Гатузо остана и без атрактивната понуда од Премиер лигата

Објавено

на

Џенаро Гатузо и Фирорентина се разделија на навистина шокантен начин кој не е баш карактеристичен за професионалниот фудбал, бидејќи 20-тина дена по потпишаниот договорот, двете страни проценија дека нема простор за успешна соработка поради различните погледи на круцијални теми.

Популарниот Рино не дочека да го одработи првиот тренинг во Фиорентина и веќе си замина од клубот, а во ситуација кога вчера италијанските медиуми открија дека му се отвора една сензационална можност за преселба во Премиер лигата, ова утро пристигна потврда дека му се затвора таа врата.

Жорже Мендеш како менаџер на Гатузо го понудил својот клиент на Тотенхем кој веќе извесно време е во потрага на првокласен менаџер, но англискиот премиерлигаш проценил дека Рино не ги задоволува критериумите, а има и спротивна филозофија од онаа која се негува во клубот.

Угледниот „Би-Би-Си“ тврди дека Гатузо сигурно нема да има прво искуство во Премиер лигата како предводник на Тотенхем, бидејќи лондонскиот клуб се свртел кон други страни во потрагата по нов менаџер која веќе трае навистина извесно време.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, Тотенхем ги стопираше преговорите и со Паоло Фонсека, кој после двенеделни разговори, сепак нема да добие шанса да го води тимот кој го тренираше човекот кој него го наследи во Рома, Португалецот Жозе Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни