Поврзете се со нас

Англија

Ед Вудвард се уплаши од бесните фанови на Манчестер Јунајтед, ја ставил својата куќа…

Објавено

на

Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард сигурно е најомразениот лик кај фановите на клубот.

Вудвард заедно со соптвениците на гигантот од „Олд Трафорд“, фамилијата Глејзер долго време се мета на критики на јавноста, а фановите го собираат бесот кој на крај може да доведе и до ескалација.

Познато е дека на почетокот на оваа година, во јануари, Ед Вудвард беше нападнат од група лути фанови на Манчестер Јунајтед во неговиот дом.

Токму овој дом кој се наоѓа во населбата Кнутсфорд е ставен на продажба и може да се продаде за два милиони фунти.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Вудвард бил уплашен за личната и безбедноста на своето семејство па токму затоа се решил да го продаде својот имот.

Дел од  медиумите пренесоа дека тој ќе си замине од функцијата во Манчестер Јунајтед и токму затоа го презел овој чекор, но оваа информација веднаш беше демантирана од повлијателните англиски медиуми.

Вудвард е во Манчестер Јунајтед цели 15 години и е еден од најблиските пријатели на семејството Глејзер откако беше еден од клучните играчи при преземањето на клубот во 2005 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни