Поврзете се со нас

Шпанија

Ѕвездите на ПСЖ имаа свечена вечера, Мбапе внимателно го гледаше мечот на Реал Мадрид (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на ПСЖ вчера имаа свечена гала вечер во Париз, но за време на истата, вниманието го привлече Килијан Мбапе со занимацијата која си ја најде во друштво на Ашраф Хакими.

Големата француска ѕвезда сериозно се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и за малку не заврши во Шпанија минатото лето, но како што стојат работите, тој се уште будно ги следи случувањата во „кралскиот клуб“.

Мбапе во повеќе наврати истакнал дека Реал Мадрид е клубот од неговото детство, а последните снимки од вчерашната гала вечер само потврдува дека е фан на „кралевите“.

Килијан е уловен како го гледа големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико кое вчера се одигра на „Бернабеу“, па снимките и видеата брзо станаа вирален хит.

Французинот си нашол добра занимација за време на вечерата, па додека тој се дружесе со соиграчите, Реал направи пресврт и победи со 3:1 во продолжението.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни