Поврзете се со нас

Франција

Ѕвездите на Покетино на колена: Монако со спектакуларна тимска акција го нокаутираше ПСЖ (Видео)

Објавено

на

blank

Неколку дена по големата победа над Барселона на „Камп Ноу“, ПСЖ вечерва доби нова фудбалска лекција од Монако во тековната натпреварувачка сезона, втора во период од точно три месеци.

Монако на 20-ти ноември го победи ПСЖ на домашен терен во лудо дерби со 3:2, додека вечерва тимот од кнежевството беше поуспешен и на „Паркот на принцовите“, задавајќи му доста незгоден удар на тимот кој го предводи Покетино во трката за шампионската титула.

Гостите успеаја да освојат големи три бода благодарение на триумфот од 0:2, кој беше најавен на најспектакуларен можен начин што може да го замисли еден тренер.

Нико Ковач може да биде горд на акцијата која ја изрежираа неговите миленици во шестата минута, бидејќи до израз дојде тимскиот квалитет и фантастичниот проток на топката која на крајот заврши во мрежата на Кејлор Навас по ударот на младиот Диоп.

Иако ПСЖ притискаше по израмнување, во вториот дел пристигна втор погодок на гостите, овојпат дело на Марипан кој ги постави конечните 0:2. Со оваа победа, четвртопласираниот Монако се приближи на само минус два од ПСЖ, којпак сега има четири бода помалку од првопласираниот Лил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни