Поврзете се со нас

Италија

Ѕвездите на Јувентус бираа омилен Ф1 возач: Никој не го спомена Ферстапен, Бразилците имаа најлесен избор (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус се подготвува за претстојното дерби со Наполи, а луѓето задолжени за креирање содржини за социјалните мрежи искористиле еден од последните тренинзи за една мини анкета.

Ѕвездите на италијанскиот вообичаено прават сопствен избор на одредена тема, а овојпат се зборувало за Формула 1 и омилениот пилот од популарниот шампионат.

Никој не го спомена актуелниот шампион Макс Ферстапен, неколку играчи се сетија на Шарл Леклер, кој е член на „сестринскиот тим“ Ферари, но издоминира Луис Хамилтон, кој пак ќе му се приклучи на Ферари следната година.

Британецот очигледно е број еден во очите на фудбалерите на италијанскиот тим и неговиот трансфер во Ферари е по нивен вкус, а се издвоија бразилските фудбалери.

Алекс Сандро го издвои Аиртон Сена без да размислува за актуелните Ф1 пилоти, а му се придружи сонародникот Бремер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни