Поврзете се со нас

Свет

Ѕвездите на Јуве прогнозираа кој ќе го освои завршниот Мастерс во Торино, едно име посебно се издвојува (Видео)

Објавено

на

Традиционално, тениската сезона секогаш завршува со Мастерсот на кој играат најдобрите осум светски тенисери за изминатата календарска година, а од недела големите возбудувања ќе бидат повторно актуелни во Торино.

Италијанскиот град е домаќин на тенискиот спектакл со кој ќе биде означен крај на возбудливата сезона, а Јувентус како најпознат клуб од овој град им даде интересна задача на своите фудбалери.

Пред да истрчаат на денешниот тренинг, ѕвездите на Јуве требаше да го изберат својот фаворит, односно да типуваат кој ќе биде новиот шампион во Торино, а најголем дел од фудбалерите го избраат Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број еден доби најмногу гласови (осум), втор фаворит според играчите на Јувентус е Синер, а дури трет е Карлос Алкарас.

Имаше и такви како Шчесни и Киеза кои се шегуваа и ги споменаа Сампрас, Агаси и Федерер, додека без одговор остана Моизе Кеан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни