Поврзете се со нас

Германија

Ѕвездите на Баерн цела ноќ ја минале во авион, Румениге збесна: Не се свесни што му направија на тимот!

Објавено

на

Баерн Минхен ја победи Херта со 0:1 и отиде на плус десет во однос на Лајпциг на првенствената табела во Бундеслигата, натпревар кој се одигра малку порано од предвиденото поради логистичките планови на германскиот шампион.

Германскиот и европски шампион го чекаат натпревари на Светското клупско првенство и првиот испит го има на 8-ми февруари, па поради тоа, цела експедиција на Баерн требаше од Берлин да се упати кон Катар веднаш по крајот на мечот.

Иако играчите и цел стручен штаб стигнале на време на аеродромот во Берлин и се чекирале нешто пред 23:00 часот, авионот не бил подготвен за полетување и тоа направило огромен проблем поради протоколите во Германија за полетување од аеродромот Брандербург.

Поради одлагањето, Баерн никако не можел да полета пред 24 часот, а со оглед на тоа што забранети се летови од овој аеродром после полноќ, играчите „заглавиле“ во авионот и цела ноќ ја минале во леталото и спиеле во необични услови. Германскиот првак не добил дозвола за полетување и покрај сите инсистирања за специјална дозвола, па мини одисејата конечно почнала да се реализира во 6:52 часот наутро, кога експедицијата одлетала за Катар.

– Одговорните луѓе на Брандебург аеродромот не знаат што му направија на нашиот тим, каква штета претрпеа играчите после исцрпувачкиот меч и летот кој не чека, – изјави разочараниот Румениге за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни